Канада е третата неевропска држава која ќе учествува на Евровизија, а дебито ќе го има следната година во Бугарија, објавија организаторите.
Ова стана можно минатата недела, откако канадскиот јавен радиодифузер „Си-Би-Си/Радио Канада“ стана полноправен член на Европската радиодифузна унија.
Канада веќе имаше еден победник на Евровизија, Селин Дион во 1988, но како претставничка на Швајцарија. Во следните години, и други канадски музичари настапија на Евровизија под знамето на друга земја.
Покрај Канада, учесници на Евровизија се и Израел и Австралија, додека Мароко имаше еден настап досега, во 1980 година.



