КАНАДСКИ ТУРИСТ ОТВОРИЛ ВРАТА НА АВИОН ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕ ВО ТАЈЛАНД, ХАЛУЦИНИРАЛ ДЕКА ГО БРКААТ

    КАНАДСКИ ТУРИСТ ОТВОРИЛ ВРАТА НА АВИОН ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕ ВО ТАЈЛАНД, ХАЛУЦИНИРАЛ ДЕКА ГО БРКААТПатникот ја отворил вратата за итни случаи, поради што се активирала лизгалка на надувување (Фото: Икс)

    Канадски турист е уапсен откако отворил врата на авион на „Таи ервејс“ кој се подготвувал да полета од аеродромот во тајландскиот град Чијанг Маи.

    Целиот авион беше во хаос. Што ако бевме на надморска височина од девет километри?“, напиша на Фејсбук една патничка во авионот.

    Патникот ја отворил вратата за итни случаи, поради што се активирала лизгалка на надувување и авионот бил оневозможен да полета, кажа директорот на аеродромот. Авионот се вратил во терминалот и патниците излегле од него. Инцидентот влијаел врз десетина други летови на аеродромот.

    По техничката инспекција, авионот доби дозвола за полетување“, кажаа од аеродромот.

    Патникот бил приведен, а во полиција бил идентификуван како турист од Канада.

    Тој призна дека ја отворил вратата зашто мислел дека некои луѓе го бркаат. Веројатно халуцинирал“, изјави адвокатот на патникот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира