КАТАР ЌЕ ГО РАЗМОНТИРА СТАДИОНОТ „974“ И ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ПОДАРИ НА ДРУГА ЗЕМЈА

    КАТАР ЌЕ ГО РАЗМОНТИРА СТАДИОНОТ „974“ И ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ПОДАРИ НА ДРУГА ЗЕМЈАСтадионот го доби името според бројот на контејнери искористени за неговата изградба (Фото; АП)

    Од седумте стадиони што Катар ги изгради за Светското првенство, еден имаше привремен карактер и ќе исчезне по неговото завршување. Стадионот „974“ ја исполни својата спортска улога со мечот Бразил-Јужна Кореја во осминафиналето и ќе биде размонтиран, што е овозможено од тоа дека делумно беше направен од рециклирани транспортни контејнери и челик. И покрај тоа, чинел околу 200 милиони долари.

    Засега е непознато што ќе се случува со стадионот. Имаше најави дека ќе биде подарен на некоја земја, а медиумите пишуваа дека монтажните елементи би можеле да бидат превезени во Африка или Уругвај, кој сака да се кандидира за еден од домаќините на СП 2030.

    Во моментов се финализира временската рамка за целосно демонтирање и пренамена на стадионот“, велат организаторите.

    Стадионот со над 44.000 седишта го доби името според бројот на контејнери искористени за неговата изградба и единствен немаше систем за ладење, па таму се играа само вечерни натпревари. „Фенвик Ирабарен архитектс“, студиото кое го дизајнираше, вели дека не сакале да изградат „бел слон“, стадион кој би останал некористен или малку користен по завршувањето на првенството, како што беше случај во Јужна Африка, Бразил и Русија.

    Катар вели дека има план и за останатите шест стадиони, од кои исто така ќе биде отстранет дел од седиштата.

    Последниот настан на стадионот „974“ беше модната ревија во петокот, на која настапија околу 150 дизајнери од 50 држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира