ЌЕ СЕ ОДРЖИ ФЕСТИВАЛ ВО ШВЕДСКА НА КОЈ ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИСУСТВУВААТ САМО ЖЕНИ

    ЌЕ СЕ ОДРЖИ ФЕСТИВАЛ ВО ШВЕДСКА НА КОЈ ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИСУСТВУВААТ САМО ЖЕНИФестивалот „Изјава“, кој им забранува пристап на мажите, доаѓа по големиот број сексуални напади врз жени на шведските музички фестивали

    Наредното лето, Шведска ќе биде домаќин на музички фестивал, на кој ќе присуствуваат само жени, по успешна краудфандинг кампања, која од 3.300 луѓе собра повеќе од 500.000 шведски круни (47.000 евра) за овој настан.

    Фестивалот „Изјава“, кој им забранува пристап на мажите, доаѓа по големиот број сексуални напади врз жени на шведските музички фестивали, како „Бравала“ и „Путе и Паркен“. Четири силувања и 23 сексуални напади имало на Бравала фестивалот оваа година и затоа тој нема да се одржи следната.

    Организаторите на „Изјава“ на овој начин протестираат против несигурни настани за жени секоја година. Во нивната молба за краудфандинг, тие напишале: „Помогнете нѝ да креираме простор за луѓето, кои сакаат да присуствуваат на фестивал, без да се чувствуваат несигурно“.

    „Изјава“ ќе дозволи да присуствуваат жени, трансжени и сите кои се идентификуваат како небинарни. Едно дополнување на нивната Кикстартер страница вели дека со средствата од кампањата ќе се обезбеди и локација за фестивалот, која сѐ уште не е откриена.

    Идејата за фестивалот потекнува од шведската комичарка Ема Најкар.

    „Што мислите за организирање на еден интересен фестивал, кадешто можат да присуствуваат сите што не се мажи и ќе трае сѐ додека сите мажи не научат да се контролираат“, напиша таа на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира