КЕЈТ МИДЛТОН РОДИ СИН

    КЕЈТ МИДЛТОН РОДИ СИННовородениот син на Кејт и Вилијам ќе биде петти во низата за наследување на тронот (Фото: ЕПА)

    Британското кралско семејство доби уште еден машки наследник.

    Војвотката од Кембриџ денеска околу пладне го роди третото дете, откако утрово беше примена во болницата „Сент Мери“ во Лондон. Кејт и принцот Вилијам не сакаа претходно да го знаат полот на детето.

    „Нејзиното височество војвотката од Кембриџ без проблеми роди син во 12.01 часот. Војводата од Кембриџ беше присутен на породувањето. Нејзиното височество и бебето се добро. Целото семејство е пресреќно со оваа вест“, соопшти палатата Кенсингтон на Твитер.

    Новородениот син, втор за Кејт и Вилијам, ќе биде петти во низата за наследување на тронот. Освен синот Џорџ, тие ја имаат и ќеркичката Шарлот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари