КЕНИЈА ЌЕ КАЗНУВА СО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИЧНИ ЌЕСИ

    КЕНИЈА ЌЕ КАЗНУВА СО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИЧНИ ЌЕСИМногу говеда се задушуваат од пластични ќеси - депонија во близина на Најроби - (Фото: Ројтерс)

    Кенија изгласа до сега најтежок закон против користење пластични ќеси во обид да го намали загадувањето на земјата. Секој кој произведува, продава или користи неразградувачки ќеси ќе биде осуден на четири години затворска казна или ќе плати 40 000 долари.

    Но, министерот за животна средина на Кенија, Џуди Вакхунгу инсистира дека први за контрола ќе  бидат производителите. „Сега засега обичните луѓе нема да се казнуваат“, рече таа

    Оваа држава од источна Африка со овој закон се приклучи на 40 други држави кои до сега забраниле, делумно забраниле или драстично ги оданочиле пластичните ќеси за една употреба. Меѓу нив се Кина, Фрнција, Руанда и Италија.

    Многу ќеси летаат низ возухот и лебдат во океанот, задушуваат говеда, морски желки, птици и ги полнат стомаците на делфини и китови со отпад сѐ додека не умрат од глад.

    На пластичните ќеси им требаат помеѓу 500 и 1.000 години за да се распаднат.

    „Ако продолжиме вака, до 2050 година, во океанот ќе има повеќе пластични ќеси  отколку риби“, изјави  кажа Хабиб Ел-хабр експерт за морско загадување кој работи со програмата за животна средина на ОН во Кенија.

    Кенија е голем извозник на пластични ќеси во Африка, но големи синџири на супермаркети почнаа да нудат платнени вреќички како алтернатива.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира