КИМ КАРДАШИЈАН И КАНЈЕ ВЕСТ СЕ ПОФАЛИЈА СО НОВИОТ ПРИВАТЕН АВИОН – „БОИНГ 747“

    КИМ КАРДАШИЈАН И КАНЈЕ ВЕСТ СЕ ПОФАЛИЈА СО НОВИОТ ПРИВАТЕН АВИОН – „БОИНГ 747“Канје Вест наводно го добил авионот од својот „Адидас“ тим (Фото: АП)

    Ким Кардашијан на Инстаграм се пофали со новиот приватен авион на нејзиниот сопруг Канје Вест, што го опишува како „лебдечка канцеларија на Јизи“.

    „Ништо страшно, само новиот приватен авион на Канје. Приватен ‘747’! Досега не сум слушнала за такво нешто“, напиша Кардашијан на Инстаграм.

    Дел од луксузот во новиот авион на славната двојка (Фото: Инстаграм)

    Двокатниот „боинг 747“ може да прими 660 патници на комерцијален лет, но Канје посака да има цел авион само за себе и тој вклучува луксузно опремена спална соба, мермерна бања, област за релаксација, гостински соби, просторија за јадење и пространи седишта. За да можат да вежбаат додека летаат, со авионот патува и личниот тренер на двојката, Мелиса Алкантара.

    Според Кардашијан, раперот го добил авионот од неговиот „Адидас“ тим, со кој соработува на брендот патики „Јизи“.

    Американските медиуми забележаа дека и авионот на американскиот претседател е исто така „боинг 747“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира