КИНА ГИ ОДОБРИ БРЕНДОВИТЕ НА ИВАНКА ТРАМП ДОДЕКА ТАА ВЕЧЕРАШЕ СО КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    КИНА ГИ ОДОБРИ БРЕНДОВИТЕ НА ИВАНКА ТРАМП ДОДЕКА ТАА ВЕЧЕРАШЕ СО КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛОдлуката на кинеските власти покажува колку е тешко за ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одвои бизнисот и политиката. - Од вечерата во Мар-а-Лаго (Фото: АП)

    На 6 април, компанијата на Иванка Трамп доби одобрување од кинеските власти за три нови брендови, овозможувајќи ѝ монопол за продажба на накит, чанти и третмани за убави со брендот „Иванка“ во втората најголема економија во светот. Таа вечер, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, седеа до кинескиот претседател Ши Џинпинг и неговата сопруга на вечерата во Мар-а-Лаго.

    Сценариото покажува колку е тешко за Иванка, која се обиде да се дистанцира од брендот што го носи нејзиното име, да ги оддели бизнисот и политиката додека е на позиција во Белата куќа.
    Првата ќерка гради политичка кариера од нејзината канцеларија во Западното крило на Белата куќа, а нејзиниот бренд цути, наспроти бојкотот од неколку стоковни куќи.

    Компанијата, која сè уште е во сопственост на Иванка, вели дека продажбата расте и го зголемува глобалното присуство. Покрај Кина, компанијата „Иванка Трамп Маркс“ аплицираше за заштита на брендот во Филипини, Порторико, Канада и САД по изборите во ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира