КЛУНИ ВО ВЕНЕЦИЈА СО ГНЕВЕН ФИЛМ ЗА ГНЕВНА ЗЕМЈА – АМЕРИКА

    КЛУНИ ВО ВЕНЕЦИЈА СО ГНЕВЕН ФИЛМ ЗА ГНЕВНА ЗЕМЈА – АМЕРИКАЏорџ и Амал Клуни на премиерата на „Субурбикон“ што е во трката за Златен лав во Венеција (Фото: АП)

    Омилениот, убав Џорџ Клуни вчера шармираше на Венецискиот филмски фестивал, но не мамете се. Актерот вели дека неговиот последен филм као режисер „Субурбикон“, е гневен филм за гневна земја – неговата. Тоа е искривена приказна за темнината во срцето на американскиот сон.

    „Многумина сме лути – лути на самите себеси, лути на начинот на кој оди земјата , лути на начинот на кој оди светот“, изјави Клуни во Венеција, каде што „Субурбикон“ се натпреварува за Златен лав.

    Клуни вчера на црвениот ќилим во Венецина беше со сопругата, адвокатка за човекови права Амал Клуни. Двојката се родители на близнаци, родени во јуни, и имаат италијански дом во близина на езерото Комо. На прес-конференцијата претходно истиот ден, Клуни рече дека САД сега е “најверојатно најгневна што некогаш сум ја видел земјава, а живеев и во периодот на Вотергејт“.

    „Во моментов има темен облак над нашата земја”, рече тој.

    Поделбите на Америка го прават „Субурбикон“ токму современ. Во сатиричниот филм ноар играат Мет Дејмон и Џулијан Мур како жители на привидно идилична и целосно бела приградска заедница од 1950-тите, која еруптира во бес кога се вселува црно семејство.

    Тоа го спојува сценариото на браќата Коен со наратив за расната поделба инспирирана – на негативен начин – од претседателската кампања на Доналд Трамп.

    „Гледав многу говори во кампањата за изградбата на огради и жртвување малцинства“, рече Клуни.

    Тоа го натера Клуни и партнерот сценаристи и продуцент Грант Хеслов да размислува за други моменти во историјата на САД кога силите на поделба беа во успон. Тие се сетија на настаните од 1957 година во Левитаун, Пенсилванија, приградска заедница за пример, каде што белите жители протестираа кога се всели црно семејство. Ја споија таа идеја со неснимено сценарио на Џоел и Итан Коен за слична заедница со бели огради, каде што криминалот зема ужасно погрешен пат на крвава фарса.

    Сликите на белиот бес во филмот се неизмерно современи, потсетувајќи на минатомесечните протести во Шарлотсвил, Вирџинија.

    „За жал, ова се прашања кои никогаш не излегле од мода во нашата земја”, рече Клуни пред премиерата на црвениот килим на филмот. „Ние уште се обидуваме да ги изгониме овие проблеми. Сè уште имаме многу да сработиме од нашиот оригинален грев на ропство и расизам “.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира