КРИВАТА КУЛА ВО БОЛОЊА ЌЕ СЕ ПОПРАВА НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ГОДИНИ

    КРИВАТА КУЛА ВО БОЛОЊА ЌЕ СЕ ПОПРАВА НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ГОДИНИГаризенда, изградена во 12. век, е висока е 48 метри и стои до повисоката кула Асинели (Фото: Шатерсток)

    Најмалку десет години ќе траат поправките на средновековната крива кула во центарот на Болоња со цел да се спречи нејзиното уривање, изјави градоначалникот Матео Лепоре, додавајќи дека обновата ќе чини околу 20 милиони евра.

    Гаризенда, изградена во 12. век, е една од двете кули во Болоња, висока е 48 метри и стои до повисоката кула Асинели (97 метри). Таа е едно од омилените обележја на Болоња и спомната е во „Божествената комедија“ на Данте Алигиери.

    Како и далеку попознатата крива кула во Пиза, и кулата во Болоња се навалува со векови, бидејќи земјата на која што е крената попуштила веднаш по градењето.

    Мислам дека ќе потрошиме најмалку 20 милиони евра за да ја обновиме и консолидираме кулата. За интервенциите и реставрацијата на кулата во Пиза беа потребни десет години. И сега нема да биде поинаку“, изјави Леноре.

    Агенцијата за цивилна заштита на Италија вклучи „жолт аларм“ за областа околу двете кули, што значи дека ќе биде под надзор, но нема опасност за минувачите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира