КРИВОЛАК СЕ РЕКОНСТРУИРА ЗА ДА СТАНЕ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ПОЛИГОНИ ЗА НАТО ВЕЖБИ ВО ЕВРОПА

    КРИВОЛАК СЕ РЕКОНСТРУИРА ЗА ДА СТАНЕ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ПОЛИГОНИ ЗА НАТО ВЕЖБИ ВО ЕВРОПАОва е тоа што нашата земја може да му го понуди на НАТО, кажа министерката Шекеринска при посетата на Криволак (Фото: К. Попов)

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД, потполковник Ден Маједа, го посетија полигонот Криволак, каде што инженерискиот баталјон на АРМ ја реконструира патната инфраструктура и пробива нови патишта.

    На Криволак се реконструира патната инфраструктура и пробиваат нови патишта (Фото: К. Попов)

    „Воениот полигон Криволак е одличен ресурс за нашата Армија, но тој ќе стане одличен ресурс и за НАТО алијансата. Со инвестициите што ги правиме, модернизацијата што ја планираме и со поддршка на американската армија убедена сум дека Криволак ќе биде најдобриот полигон за вежби на НАТО во Европа“, истакна министерката Шекеринска.

    Следната година, на Криволак ќе се реализира дел од големата НАТО вежба „Дефендер“ (Фото: К. Попов)

    Командантот на инженерискиот баталјон, потполковник Томе Пеев, вели дека веќе 30 дена изработуваат нова и ја реконструираат постоечката инфраструктура на Криволак, со цел да се обезбедат систем обиколница околу периметарот на границата на полигонот и внатрешно поврзување со вкупна должина од 75 километри.

    „Криволак ќе може да се види следната година, кога во нашата земја ќе се реализира еден дел од најголемата вежба во Европа ‘Дефендер‘, со учество на сојузнички армии“, рече Шекеринска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира