КУЌА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО ДОБИ ИМЕ БЕКУТАН, СПОРЕД ПОЗНАТИОТ БРЕНД НА АЛКАЛОИД

    КУЌА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО ДОБИ ИМЕ БЕКУТАН, СПОРЕД ПОЗНАТИОТ БРЕНД НА АЛКАЛОИДЈулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село и Живко Мукаетов, генерален директор и шретседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје. (Фото: Алкалоид)

    Една од куќите во СОС Детското село во Скопје доби име Бекутан, во пресрет на 45-годишниот јубилеј на детскиот бренд на компанијата Алкалоид.

    Во куќата Бекутан има 4 деца на возраст од 4 до 12 години и една младинка од 15 години која транзитира во младинска куќа. СОС Детско село во населбата Ченто има дванаесет куќи во коишто се сместени 59 деца до 14 години.

    „Имам чест да најавам дека соработката со СОС Детско село ќе продолжи и во текот на цела 2023 година во проширена форма“, вели Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

    Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, рече  дека т.н. „кумство“ на куќата Бекутан, освен финансиска поддршка, подразбира и градење искрени релации меѓ узгрижувачкото семејство и вработените во Алкалоид АД Скопје, посочувајќи ја грижата за децата како основна цел на двата ентитети, секој на свој специфичен начин.

    Детското село е дел од интернационална организација која работи во 136 земји во светот веќе 70 години . Во моментов се грижи за повеќе од 394 деца и млади кои се без родители/родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители.

    Организацијата Детско село функционира со помош на донации од индивидуалци, компании, институции и на разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на децата коишто се згрижени во СОС Детско село.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира