ЛЕБАРКИ УНИШТИЛЕ КНИГИ СТАРИ СО ВЕКОВИ ВО НАЈСТАРАТА УНГАРСКА БИБЛИОТЕКА

    ЛЕБАРКИ УНИШТИЛЕ КНИГИ СТАРИ СО ВЕКОВИ ВО НАЈСТАРАТА УНГАРСКА БИБЛИОТЕКАНаездата на бубачките првпат беше откриена за време на рутинско чистење на библиотеката, вработените забележале необични слоеви прашина на полиците, а потоа виделе дупки во книгите. (Фото: АП)

    Десетици илјади книги, стари повеќе векови, се извлекуваат од полиците на средновековна манастир во Унгарија, во обид да се спасат од наезда од бубачки што би можела да избрише векови историја. „Архабеј Панонхалма“, стар 1.000 години, е простран манастир кој е еден од најстарите центри за учење во Унгарија и објект заштитен од УНЕСКО како светско наследство.

    Реставраторите отстрануваат околу 100.000 рачно подврзани книги од полиците и внимателно ги ставаат во гајби. Тоа е дел од процесот на дезинфекција што има за цел да ги убие ситните бубачки што се закопуваат во нив.

    Бубачката, позната како лебарка, често се наоѓа меѓу сушени прехранбени производи како житарки, брашно и зачини. Но, тие се привлечени и од лепилата на база на желатин и скроб што се наоѓаат во книгите.

    Лебарките беа пронајдени во дел од библиотеката каде што се сместени околу една четвртина од 400.000 томови на манастирот. Наездата на бубачките првпат беше откриена за време на рутинско чистење на библиотеката. Вработените забележале необични слоеви прашина на полиците, а потоа виделе дупки во книгите. По отворањето на томовите, ги виделе лебарките.

    „Ова е агресивна наезда од инсекти која е откриена во неколку делови од библиотеката, па затоа целата колекција е класифицирана како заразена и мора да се третира истовремено. Никогаш порано не сме се сретнале со таков степен на зараза“, рече Жофија Едит Хајду, главна реставраторка на проектот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира