Попуст за семејно приватно здравствено осигурување ова лето нуди осигурителната компанија Еуролинк. Од осигурителната компанија велат дека луѓето што ќе одлучат да купат семејно здравствено осигурување ќе добијат бесплатно една месечна рата.
„ Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за себе и за членовите на своите семејства во приватните здравствени установи во Македонија и Европа. Достапни се три пакети кои може да ги одберат, односно основен, комфорт и премиум пакет, со редовна цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно. Со овие пакети може да добијат превентивни прегледи, лекување, специјалистички прегледи, третман на тешки болести, болничко сместување во приватните здравствени установи во Македонија и во странство, за сите членови на семејството“, велат од Еуролинк.
Попустот од една рата бесплатно ќе важи за оние корисници кои ќе купат семејно здравствено осигурување до 12 септември годинава.
„Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување за оние клиенти, кои ќе склучат петгодишен договор за лојалност за пакетите комфорт и премиум со доплата од 900, 1.150, или1.650 денари месечно, во зависност од висината на лимитот, кој е достапен за користење за овој тип здравствена услуга во период од пет години“, велат од Еуролинк.