ЛОНДОН СЕ ОТКАЖА ОД ИЗГРАДБА НА КОНЦЕРТНА САЛА ОД 326 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА

    ЛОНДОН СЕ ОТКАЖА ОД ИЗГРАДБА НА КОНЦЕРТНА САЛА ОД 326 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТАВо ултрамодерниот објект беа планирани и ресторани и деловен простор. (Фото:Дилер Скофидио+Ренфро)

    Лондон се откажа од амбициозниот проект за изградба на концертна сала, вреден 326 милиони евра (288 милиони фунти), бидејќи „последиците од пандемијата на ковид-19 се толкави што планот е невозможен“.

    Центарот за музика, кој требаше да претставува „Тејт на класичната музика“ требаше да биде нова концертна сала за Лондонскиот симфониски оркестар, со 2 илјади седишта. Во ултрамодерниот објект беа планирани и ресторани, деловен простор како и помала сцена за џез-изведби.

    „Членовите на лондонската градска власт се согласија дека, со оглед на актуелните случувања, плановите за Центар за музика нема да се реализираат. За локацијата, каде моментално се наоѓа Лондонскиот музеј, ќе има други предлози“, рече портпаролот.

    Одлуката предизвика незадоволство кај музичарите кои речиси цела година не настапуваат, а некои останаа и без работните места.

    Кога лани беше преставен објектот, архитектите од „Дилер Скофидио+Ренфро“ рекоа дека ќе биде од стакло, рефлектирајќи го мотото на оркестарот за транспарентност и успех. Салата требаше да има проѕирни стакла на последните редови, за децата кои доаѓаат во посети да можат да ги гледаат музичарите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира