ЛОНДОН ТЕСТИРА АВТОБУС БЕЗ ВОЗАЧ

    ЛОНДОН ТЕСТИРА АВТОБУС БЕЗ ВОЗАЧАвтономното возило има седишта за четворица и нема волан или педала за кочница. (Фото: Оксботика)

    Британската јавност ќе го проба првото возење со автобус без возач. Во следните три недели, околу 100 луѓе ќе патуваат со прототипот на автобус без возач во Гринич. Возилото, коешто патува со брзина до 16 километри на час, ќе биде контролирано од компјутер. Меѓутоа, во автобусот ќе има и едно стручно лице кое ќе може да го застане возилото, доколку биде потребно.

    Компанијата што што го произведе автобусот, „Оксботика“, вели дека вкупно 5.000 луѓе аплицирале за да учествуваат во студијата.
    „Многу малку луѓе имале искуство во автономно возило, така што ова ќе им овозможи да го направат тоа“, изјави извршниот директор на „Оксботика“ за „Би-Би-Си“.

    Возилото има седишта за четворица и нема волан или педала за кочница. Има видно поле до 100 метри пред себе и застанува на семафори и сообраќајни знаци, но, исто така, има и ургентна кочница доколку притреба. Минибусот е дизајниран за да биде безбеден за пешачките зони, велат од компанијата.

    Неколку други возила без возач беа тестирани низ светот, како во Лас Вегас во јануари, а лани во јуни и во Сингапур, кадешто команијата „нуТономи“ ги понуди првите такси возења без возачи преку нивната апликација за такси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира