ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ДУБРОВНИК БАРА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА

    ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ДУБРОВНИК БАРА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈАХотелот ги покрива трошоците за издавање работна дозвола. Хотелскиот комплекс е сместен на самиот брег на Јадранското Море, на 11 километри од Дубровник - (Фото: Sun Gardens Dubrovnik)

    „Сан Гарденс Дубровник“ (Sun Gardens Dubrovnik), луксузен хотелски комплекс со пет ѕвездички и член на престижната групација The Leading Hotels of the World, оваа година се отвора за сезонските работници од Македонија, нудејќи им можност за работа на една од најатрактивните локации на јадранското приморје во Хрватска.

    Во понуда се работни места за собари/собарки, чистач/чистачки, келнер/келнерки како и и за готвачи, слаткари, пица мајстори и месари. Предвиденото вработување почнува во април 2019, при што се склучува договор за работа на најмалку шест месеци, велат од хотелот.

    Вработувањата во хотелскиот комплекс почнуваат во април

    Покрај атрактивните приходи и стимулативното работно опкружување, на сезонските работници од Македонија им се обезбедени сместување и два топли оброци дневно, а хотелот им ги покрива и трошоците за издавање работна дозвола. Исто така, на вработените им се овозможува еден слободен ден неделно, како и попуст на одредени услуги во рамките на комплексот.

    „Сан Гарденс Дубровник“ е сместен во Орашац, на самиот брег на Јадранското Море, на 11 километри од Дубровник. Во составот на ресортот е приватна плажа, три надворешни базени, спа-центар, спортски центар, ресторани, барови, шопинг-шеталиште и еден од најдобрите конференциски центри во регионот.

    Заинтересираните треба да испратат писмо со биографија на англиски јазик на е-адресата: [email protected]. Од  Одделот за човечки ресурси известуваат дека претставници на хотелот ќе бидат во Скопје и  ги покануваат заинтересираните кандидати за работа на средба во скопскиот „Парк хотел & спа“ на 29 јануари во 11 часот. Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 0038520361681 и на веб-страницата https://www.dubrovniksungardens.com/selection-macedonia-2019?locale=HR? .

    Според проценките на Министерството за туризам, на Хрватска и требаат помеѓу 10.000 и 15.000 сезонски работници за време на летните месеци. Минатото лето хрватската Влада ја зголеми квотата на дозволи за вработување странци и оваа година ќе бидат издадени 27.479 работни дозволи за сезонски работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира