МАДРИД ГО ПОГОДИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 40 ГОДИНИ

    МАДРИД ГО ПОГОДИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 40 ГОДИНИПлоштадот Пуерта дел Сол во Мадрид во ретко идилично снежно издание (Фото: Ројтерс)

    Бурата Филомена прекри делови од Шпанија со многу снег, при што во половина од земјата е прогласена црвена тревога.

    Во Мадрид, една од најтешко погодените области, се очекуваат 20 сантиметри снег во наредните 24 часа. Аеродромот е затворен, исто како и некои патишта. Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на главниот град, па на помош дојдоа пожарникарите, а во некои места и војската.

    Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на Мадрид (Фото: Ројтерс)

    Властите им порачаа на луѓето да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

    Според локалните медиуми, ова се најголемите снежни врнежи во Мадрид во последните 40 години. Студеното време ќе продолжи и викендов, при што температурите во Мадрид ќе се спуштат до -12 Целзиусови степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира