МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ВИДЕ ЗАТЕМНУВАЊЕТО, НО ЈА ВИДЕ СУПЕР СИНАТА МЕСЕЧИНА

    МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ВИДЕ ЗАТЕМНУВАЊЕТО, НО ЈА ВИДЕ СУПЕР СИНАТА МЕСЕЧИНАЗатемнување на Месечината, кога таа е на најблиската точка до Земјата е ретка астрономска појава (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вечерва на 31 јануари имаше месечева појава, наречена „Супер сина крвава месечина“. Од Австралија, Азија и делови во САД и Источна Европа беше видливо затемнување на Месечината, или астрономска појава кога Земјата минува меѓу Сонцето и Месечината.

    Појавата кога Месечината ќе се најде најблиску до Земјата се нарекува супер Месечина, а кога таа ќе биде полна два пати во еден месец е сина Месечина. Во случај кога има затемнување на Месечината таа се нарекува и крвава, за да се опише јаката црвена боја на сончевата светлина која ја осветлува (Фото: М. Златевска)

    Во истата вечер нашиот единствен природен сателит се најде на точка која е најблиску до нашата планета во нејзината елиптична орбита. Тоа е втора полна Месечина овој месец, поради што се нарекува и сина Месечина.

    Затемнувањето на Месечината почна во 10:51 и заврши во 16:08 часот според средно-гриничко време. Зборот „крвава“ се употребува за да се опише силната црвена боја на сончевата светлина која минува покрај атмосферата на Земјата за да ја осветли Месечината.

    Таканаречената супер сина крвава месечина се гледа над крстовите на црква во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од Скопското астрономско друштво велат дека кога Месечината ќе се најде на точка кога е најблиску до Земјата, во светот ја нарекуваат и супер Месечина.

    „Овие се нови називи за оваа појава, која во астрономијата и нема некое големо значење. Супер Месечина ја нарекуваат, бидејќи набљудувана со телескопи изгледа дека е поголема, но набљудувана со голо око нема да се забележи некоја голема разлика. Сепак, ако луѓето ја набљудуваат кога Месечината е блиску до хоризонтот во одннос на некои објекти што ги има на Земјата може да им изгледа како поголема, иако тоа не е така“, вели Mартин Стојановски од скопското астрономско друштво.

    Тој објаснува дека во случајов ретка е појавата што во исто време кога Месечината е на најблиска точка до земјата во некои делови на светот може да се види и делумно затемнување на Месечината.

    „Оваа појава е ретка, бидејќи во просек еднаш годишно има затемнување на Месечината, а вакви две појави да се поклопат е ретко. Сепак затемнувањето на Месечината овој пат за жал од нашата земја не можевме да го видиме“, вели Стојановски.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира