Македонија не влезе во финалето на 63. Евровизија во Лисабон, Португалија. Од 19-те учесници на првата полуфинална вечер, пласман во финалето за сабота обезбедија: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.
Македонската група „Ај Кју“, во состав: Бојан Трајковски и Марија Ивановска, настапи со со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found).
Mузиката и текстот ги напиша Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Мотото на годинашното европско музичко натпреварување е „Тргнуваме“ (All board). Втората полуфинална вечер е в четврток.
Годинава Евровизија ја водат 4 водителки: Филомена Каутела, Силвија Алберто, Катарина Фуртадо и холивудската актерка Даниела Руа.
Македонија нема влезено во финалето на на евровизиското музичко натпреаварување од 2012 година.