МАКЕДОНСКИТЕ РЕНЏЕРИ РАМО ДО РАМО СО БАЛКАНСКИТЕ КОЛЕГИ НА НАЈГОЛЕМАТА РЕГИОНАЛНА ВОЕНА ВЕЖБА ВО ХРВАТСКА

    МАКЕДОНСКИТЕ РЕНЏЕРИ РАМО ДО РАМО СО БАЛКАНСКИТЕ КОЛЕГИ НА НАЈГОЛЕМАТА РЕГИОНАЛНА ВОЕНА ВЕЖБА ВО ХРВАТСКАНашите аспирации да станеме официјална членка на НАТО силите се мотивација плус да учествуваме на ваков тип на вежба, вели мајор Алексиќ од Ренџерскиот баталјон. - Македонско „хамви“ во конвојот на воената вежба во Хрватска (Фото: СДК.МК)

    Во Хрватска деновиве се одржува најголемата регионална воена вежба „Итен одговор 19“ (Immediate Response 19), на која учествуваат над илјада војници од 15 земји. Меѓу нив и 30 припадници на македонскиот Ренџерски баталјон со 7 возила.

    „Чест и задоволство ми е што сме дел од вежбата ’Immediate Response 19‘. Воедно, ова е шанса да промовираме мир, да ги усогласиме техниките, процедурите, да размениме искуства и знаење помеѓу различни армии од различни земји. Нашата земја учествува со еден извидувачки вод и со штабен елемент во склоп на тој мултинационален баталјон. За време на обуката, нашите цели кои сакаме да ги реализираме, тоа се специјално извидување и директни акции. Приоритет е промовирање на нашата земја, на нашата единица, Ренџерскиот баталјон, како и поддршка на главните цели на оваа вежба“, вели мајор Дејан Алексиќ, најстар национален претставник и офицер за врска.

    На најголемата воена вежба во регионот, организирана од Европската команда на Армијата на САД, а поддржана од Хрватска и Словенија, учествуваат околу 1.600 членови од 15 земји. – Мајор Дејан Алексиќ, најстар национален претставник и офицер за врска (Фото: СДК.МК)

    Нашите аспирации да станеме официјална членка на НАТО силите, вели мајор Алексиќ, се мотивација плус да учествуваме на ваков тип на вежба, да имаме соработка и да градиме интероперабилност со другите земји членки.

    Вежбата трае 18 дена. Првата фаза е интеграција и интероперабилност, потоа почнуваат подготовки за извршување на главната задача, а тоа е транспорт на меѓународен баталјон од Слуњ, Хрватска до Капошвар, Унгарија. На 29 мај е предвиден ден за високи гости, меѓу нив и македонски, и пред нив ќе бидат демонстрирани тактики, техники и процедури во склоп на планираните задачи и мисии за оваа вежба.

    Тони Николов, постар водник, (прв од десно) ги прими инструкциите за вежбата како претставник на македонскиот тим. (Фото: СДК.МК)

    Делот од воената вежба кога се тренираше возење во конвој во војниот полигон „Еугениј Кватерник“ близу Слуњ го следеа новинари од земјите учеснички.

    „Three-three-whiskey-tango-kilo-three-nine-three-two…“ даваше насоки хрватскиот офицер за движењето на конвојот, клекнат пред мапата на војниот полигон, а околу него стоеја претставници на секој контингентите од земјите членки на НАТО од Балканот, плус БиХ и Косово, кои ги запишуваа можните сценарија. Конвојот со 20-тина возила потоа тргна од оперативната база на пат низ полигонот во Слуњ, кој зафаќа околу 240 квадратни километри, на тактичка вежба како подготовка за транспортот до Капошвар.

    Хрватскиот бригаден генерал Синиша Јурковиќ, кој раководеше со вежбата, рече дека кога стојат рамо до рамо војници од различни земји, тоа е основа на секоја понатамошна соработка. – Македонскиот шатор во базата во Слуњ (Фото: СДК.МК)

    Први во конвојот беа хрватските војници со оклопни транспортери „патрија“, а при крајот на колоната беа македонските ренџери со „хамвија“.

    „На крај се затоа што последни влегуваат во НАТО“, се шегуваа хрватските домаќини.

    Вежбата е осмислена со цел извежбување на брзо распоредување на сили и опрема на локации каде се има појавено регионална криза. – Базата во војниот полигон „Еугениј Кватерник“, најголем во Хрватска (Фото: СДК.МК)

    Мајор Алексиќ вели дека целта на вежбата е различни единици од различни држави да се спојат, да се организираат, да извршат интеграција, да имаат заедничка обука и да постигнат интероперабилност на исто рамниште.

    „Дали се тоа радиоврски, дали се тоа рачни сигнали, командување и контрола на цела таа структура и така заедно да се упатат од една до друга точка без да има какви било проблеми и да се испланираат сите тие попатни проблеми што може да се случат. Мора да бидеме подготвени на сè пред да заминеме каде било“, вели тој.

    За нашата армија ова е шанса во мултинационална средина да се покаже високо ниво на обученост, квалификации и интероперабилност помеѓу останатите учесници во вежбата. (Фото: СДК.МК)

    Конвојот неколку пати застануваше и војниците излегуваа од возилата да ја обезбедат околината како симулација на можни инциденти. По неколку минути, конвојот продолжуваше да вози. Вежбата помина без проблеми.

    Германскиот полковник Дирк Матхес, одговорен во НАТО за односи со јавноста, пред вежбата искоментира дека во алијансата се добри за борба, но треба да поработат на движењето на трупите.

    За време на вежбата, конвојот неколку пати застануваше и војниците излегуваа од возилата да ја обезбедат околината како симулација на можни инциденти. – Македонски ренџер на вежбата во Слуњ (Фото: СДК.МК)

    „Ние секогаш се фокусираме на делот на извршување, но многу се битни подготовките. Ако не можеш да стигнеш, може да си спремен со секаква опрема за извршување на секакви задачи со висока тактика, но ако не си подготвен да стигнеш до таму и поддржан логистички и тактички за време на движењето како конвој сè е џабе. Плус предизвикот е дека се преминува од една држава во друга, ова ќе биде искуство за и кога би требало навистина во реална ситуација да поминеме од една држава во друга, нема да имаме проблем“, појаснува мајор Алексиќ.

    Хрватскиот бригаден генерал Синиша Јурковиќ, кој раководеше со вежбата, рече дека кога стојат рамо до рамо војници од различни земји, тоа е основа на секоја понатамошна соработка.

    „Од мое ниво, гледано како директен учесник во тактиките и техниките во оваа мултинационална вежба, да се работи со колегите од други држави, да се биде рамо до рамо со нив и да се функционира како едно тело, да се синхронизираме, за мене претставува голема привилегија и големо искуство. Се надевам дека во иднина оваа пријателска соработка ќе продолжи и ќе се надоградува“, рече Тони Николов, постар водник, кој ги прими инструкциите за вежбата како претставник на македонскиот тим.

    На најголемата воена вежба во регионот, организирана од Европската команда на Армијата на САД, а поддржана од Хрватска и Словенија, учествуваат околу 1.600 членови од 15 земји. Покрај македонските ренџери, таму се војници од Хрватска, Словенија, Унгарија, Албанија, Црна Гора, Косово, САД, Полска, Франција, Велика Британија, Литванија, Босна и Херцеговина, Италија и Германија. Вежбата е осмислена со цел извежбување на брзо распоредување на сили и опрема на локации каде се има појавено регионална криза, со што ќе овозможи физичко присуство на сили, завземање на клучен терен со што ќе се зголеми интероперабилноста помеѓу вооружени сили од различни армии.

    М. ИЛИОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари