„МАКПЕТРОЛ“ И ГОДИНАВА ЌЕ ГИ НАГРАДУВА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКАТА „ВЕРНА“

    „МАКПЕТРОЛ“ И ГОДИНАВА ЌЕ ГИ НАГРАДУВА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКАТА „ВЕРНА“„Макпетрол“ и оваа година ја наградува довербата на своите потрошувачи преку програмата „Верна“

    Компанијата „Макпетрол“ и оваа година организира наградна игра за сите корисници на картичката „верна“.

    „Верна повторно наградува“ започна на 1 март и ќе трае до 15 декември. Таа ќе опфати осум редовни кола, четири мастер кола и едно финално мастер коло.

    „‘Макпетрол‘ како современа и пазарно ориентирана компанија ја наградува довербата на своите потрошувачи преку програмата ‘Верна‘. Преку оваа програма, тие добиваат поени за секој наполнет литар гориво и за други производи купени на бензинските пумпи и на други продажни места на ‘Макпетрол‘. Овие поени потоа можат да се искористат при купување производи од дополнителниот асортиман. Едноставниот начин на користење на ‘верна‘ картичката создаде голем број задоволни корисници“, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг.

    Минатата година, „Макпетрол“ подели голем број вредни награди, што ќе продолжи и годинава. За да се учествува во наградната игра, само треба да се покаже картичката и да се направи трансакција која содржи десет или повеќе поени.

    „Повеќе од 130.000 корисници на ‘верна‘ се потенцијални добитници и нивниот број постојано се зголемува. Затоа ги охрабруваме да ги користат своите картички“, додаде Тасевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира