МАЛИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОРОНАВИРУС ОД КОНТАМИНИРАНИ ПОВРШИНИ, НАЈГОЛЕМ РИЗИК СЕ БЛИСКИТЕ СРЕДБИ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

    МАЛИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОРОНАВИРУС ОД КОНТАМИНИРАНИ ПОВРШИНИ, НАЈГОЛЕМ РИЗИК СЕ БЛИСКИТЕ СРЕДБИ, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕИ навидум безопасни активности како зборување и дишење произведуваат респираторни честички кои можат да се шират преку воздухот и да заразат други луѓе (Фото: Шатерсток)

    Кризата со коронавирусот трае веќе шест месеци и за тоа време се направи консензус како тој се пренесува.

    Научниците велат дека не е вообичаено да се заразите од контаминирани површини или при поминување покрај луѓе на отворен простор. Далеку поголем ризик претставуваат блиски подолготрајни интеракции, преполни настани, слабо проветрени простори и места каде што се зборува гласно.

    Две големи студии покажаа дека мерките на карантин спречија милиони луѓе низ светот да се заразат и починат. Сите овие сознанија им помогнаа на бизнисите и владите во правењето стратегии за повторно отворање, при што акцентот се става на заштитни маски, социјално дистанцирање и намалување на бројот на луѓе во одреден простор.

    Важен фактор на пренесувањето е што навидум безопасни активности како зборување и дишење произведуваат респираторни честички кои можат да се шират преку воздухот и да заразат други луѓе. Здравствените експерти велат дека тоа е клучниот начин на пренесувањето на КОВИД-19, но овие ситни капки брзо паѓаат на земја или површини.

    Некои истражувачи сметаат дека коронавирусот може да се пренесе и преку аеросоли, ситни капки кои подолго се задржуваат во воздухот и можат да се вдишат. Се чини дека токму тоа се случило во еден ресторан во кинескиот град Гвангџу, каде што еден заразен човек го пренесол вирусот на петмина други кои седеле на соседните маси.

    Друг фактор е продолжената изложеност на вирусот.

    „Тоа се дефинира како најмалку 15 минути да се биде во контакт со заразено лице на дистанца од помалку од два метра. Ова трае и пократко ако ви кивнат во лице“, вели Џон Брукс од Американскиот центар за контрола на болести и превенција.

    Според една студија, 10% од луѓето со КОВИД-19 се одговорни за околу 80% зарази. Засега не е познато колкаво количество од вирусот е потребно за да се зарази некој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира