Дванаестодишниот Марко Пејчиноски, кој со некроза на ногата на 28 август го преплива Охридското Езеро, ќе плива во акцијата за децата со ретки болести. Тоа е неговиот начин да се помогне на оваа категорија деца, а кога ќе се реализира тоа, јавноста на време ќе биде информирана.
И по големиот подвиг што го оствари со препливувањето на Охридското Езеро, Марко и натаму плива. Тоа го прави два-три дена неделно, за што има разбирање од сопственикот на хотелот „Тино” во Охрид.
Лекарите му рекле на Марко дека пливањето во овој период од животот е најдобра терапија за него. Некроза на ногата е заболување кое го попречува нормалниот проток на крвта до ногата поради што се јавуваат проблеми со моториката.
Д. ЧУБРИЌ