МАЖ МАСКИРАН ВО СТАРИЦА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ЈА НАПАДНА „МОНА ЛИЗА“ СО КОЛАЧ

    МАЖ МАСКИРАН ВО СТАРИЦА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА ЈА НАПАДНА „МОНА ЛИЗА“ СО КОЛАЧБезбедносното стакло на сликата остана измачкано по инцидентот (Фото: Твитер)

    Мона Лиза“ остана неоштетена откако посетител на „Лувр“ се обидел да го искрши заштитното стакло на најпознатата слика на светот, пред да фрли колач кон неа. Напаѓачот беше маж маскиран во старица седната во инвалидска количка и се верува дека инцидентот претставува протест поврзан со климата.

    Од парискиот музеј не го коментираа инцидентот.

    Помислете на Земјата, луѓето ја уништуваат Земјата. Затоа го направив ова“, вели напаѓачот со бела перика на француски во едно видео додека го изнесуваат од галеријата.

    Мона Лиза“ беше ставена зад безбедносно стакло откако еден Боливиец ја гаѓал со камен во 1956, а нејзините безбедност и заштита дополнително беа засилени во 2005, при што се контролираат влажноста и температурата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира