МАЖОТ КОЈ ГИ УКРАДЕ КУЧИЊАТА НА ЛЕДИ ГАГА ДОБИ 21 ГОДИНА ЗАТВОР

    МАЖОТ КОЈ ГИ УКРАДЕ КУЧИЊАТА НА ЛЕДИ ГАГА ДОБИ 21 ГОДИНА ЗАТВОРПо инцидентот, Гага понуди награда од 500.000 долари за враќање на нејзините миленици (Фото: Гети)

    Мажот кој го застрела шетачот на кучињата на Леди Гага и ги украде нејзините два француски булдога е осуден на 21 година затвор за грабеж од висок профил. Инцидентот се случи на 24 февруари 2021 во Лос Анџелес, по што Гага понуди награда од 500.000 долари за враќање на нејзините миленици.

    Пресудата уследи неколку месеци откако американските власти распишаа потерница по Џејмс Хауард Џексон, кој по грешка беше ослободен од притвор во април.

    Договорот за признавање вина го држи Џексон одговорен за извршување насилен ладнокрвен чин и обезбедува правда за жртвата“, стои во пресудата.

    Според властите, Џексон и двајца соучесници се возеле низ Лос Анџелес барајќи француски булдози, скапа раса на кучиња кои можат да се продадат за илјадници долари. Притоа налетале на Рајан Фишер кој ги шетал трите кучиња на Леди Гага, но детективите сметаат дека не знаеле дека тие им припаѓаат на славната пејачка. Откако Фишер одбил да им ги даде кучињата, Џексон при борба го застрелал со полуавтоматски пиштол и тешко го ранил. Џексон притоа зел две кучиња, додека третото се сокрило во грмушка.

    Кучињата ѝ биле вратени на Леди Гага по неколку дена, а два месеца по нападот, пет лица беа уапсени, меѓу кои и Џексон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира