МЕЛАНИЈА ТРАМП НОСЕШЕ ДИЗАЈНЕРСКО ПАЛТО ШТО ЧИНИ 51.000 ДОЛАРИ

    МЕЛАНИЈА ТРАМП НОСЕШЕ ДИЗАЈНЕРСКО ПАЛТО ШТО ЧИНИ 51.000 ДОЛАРИМеланија Трамп (во средината) на терасата на палатата Кјеричи во Таормина придружувана од сопругата на Доналд Туск Малгорзата (лево) и Аманда Суки партнерката на градоначалникот на Таормина (десно) - (Фото: АП)

    Меланија Трамп во Сицилија носеше во шарено палто со цветни апликации на Долче и Габана што се продава за 51.000 долари.

    Експлозијата од бои на американската прва дама доаѓа по умерената црна комбинација со шамија од чипка што ја носеше за време на аудиенцијата кај Папата Фрањо во Рим.

    И во двата случаи таа да носи креации на познатите милански дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана.

    Кај Папата Меланија се појави во наметка со чипка исто така креирана од италијанските дизајнери Долче и Габана (Фото: АП)

     

    Меланија го придружува сопругот Доналд за време на Самитот на седумте најразвиени земји во светот кој годинава се одржува во Таормина на италијанскиот остров Сицилија. Групата Г7 ја сочинуваат САД, Франција, Италија, Јапонија, Германија, Велика Британија и Канада.

    Белата куќа одби да коментира колку чини облеката на госпоѓа Трамп, поранешен модел и сопруга на ионака богатиот претседател. Американската влада обезбедува дел од трошоците за облеките на првите дами.

    Неколку модни дизајнери јавно објавија дека нема да креираат облека за првата дама затоа што силно се противат на политиките на нејзиниот сопруг.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира