МЕЛОНИ САКА ЗАКОНСКИ ГО ЗАШТИТИ СВОЈОТ ГЛАС ЗА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД ЛАЖНИ СНИМКИ

    МЕЛОНИ САКА ЗАКОНСКИ ГО ЗАШТИТИ СВОЈОТ ГЛАС ЗА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД ЛАЖНИ СНИМКИМелони ја регистрирала фразата „Јас сум Џорџа Мелони“ како лингвистичка трговска марка (Фото: ДПА)

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони регистрираше аудиоснимка со нејзиниот глас во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија. Весникот „Ла Република“ објави дека овој потег имал за цел да ја заштити Мелони од лажни гласовни снимки создадени со вештачка интелигенција.

    Мелони наводно ја регистрирала фразата „Io sono Giorgia Meloni“ („Јас сум Џорџа Мелони“) како лингвистичка трговска марка. Според „Ла Република“, гласовниот запис трае четири секунди.

    Фотографии од Мелони генерирани од вештачка интелигенција се појавија пред неколку месеци, што ја натера да премине во офанзива и да повика на одговорно однесување. Таа напиша на Икс во тоа време дека циркулираат разни лажни слики од неа, кои биле претставувани како вистински од „некој ревносен противник“.

    „Дипфејкови се опасна алатка, бидејќи можат да измамат, манипулираат и да му наштетат на секого. Јас можам да се одбранам, но многу други не можат. Она што мене ми се случува денес, може да му се случи на секого утре“, кажа Мелони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира