Германската канцеларка Ангела Меркел вчера им се додворуваше на младите гласачи пред изборите закажани за следниот месец, појавувајќи се на отварањето на најголемиот светски саем на компјутерски игри Гејмском што се одржува во Келн.
Дигиталната гејмерска заедница забележува промет од над 1 милијарда евра во првата половина од 2017 година.
Владата на Меркел ги повика компаниите да ја зајакнат дигитализацијата на нивите операции. Но, настрана од тоа појавата на лидерката на ЦДУ на Саемот во Келн е и затоа што просечната возраст на германски гејмер е 35 години, што е претставник на гласачка група е интересна за двете политичките партии – ЦДУ и СДП.
Појавата на Меркел на Саемот за видео игри доаѓа на помалку од една недела од нејзиното гостување на интернет каналот Јутјуб каде што одговараше на прашања на четири популарни блогери кои ги следат 3 милиони луѓе.
Изборите во Германија се на 24 септември.