Семејството на 25-годишна жена од Македонија, која се води како исчезната веќе две недели, понуди награда од 25.000 долари за информација што ќе помогне во нејзино пронаоѓање.
Адеа Шабани за последен пат била видена на 23 февруари, околу 11 часот, во близина на нејзиниот дом на авенија Вилкокс, што се наоѓа меѓу булеварот Холивуд и авенијата Френклин.
Како што велат нејзини пријатели, Шабани, надежна актерка и манекенка, живее во Лос Анџелес помалку од две години. Во истрагата е вклучен и приватниот детектив од Беверли Хилс, Џејден Брант, ангажиран од семејството на Шабани.
Полицијата на Лос Анџелес ја опиша Шабани како млада жена, со руса коса и сини очи, висока 1,65 метри и тешка 58 килограми.