МУРАКАМИ ГИ МОЛИ ВЛАСТИТЕ НА ТОКИО ДА НЕ ГО РУШАТ СТАДИОНОТ КАДЕ РЕШИЛ ДА СТАНЕ ПИСАТЕЛ

    МУРАКАМИ ГИ МОЛИ ВЛАСТИТЕ НА ТОКИО ДА НЕ ГО РУШАТ СТАДИОНОТ КАДЕ РЕШИЛ ДА СТАНЕ ПИСАТЕЛСпоред планот, стотици дрвја ќе бидат исечени и ќе се урнат паркот и соседниот стадион (Фото: АП)

    Јапонскиот писател Харуки Мураками изјави дека се спротивставува на обновата на неговата омилена област во Токио, која е и историски дел, бидејќи на тој начин ќе биде отстранета неговата омилена патека за трчање и ќе се сруши со векови стариот стадион за бејзбол, каде ја добил инспирацијата да стане писател.

    Контроверзниот план, кој беше одобрен на почетокот на годинава од гувернерот на Токио, Јурико Коике, предвидува облакодери и нови стадиони во срцето на зелениот кварт Џингу Гајен. Вљубениците во бејзболот и рагбито се против планот, како и конзерваторите и граѓанските здруженија, кои велат дека проектот бил донесен без транспарентност, соодветна еколошка проценка и објаснување за жителите.

    Според планот, стотици дрвја ќе бидат исечени и ќе се урнат паркот и соседниот стадион, кој се користеше за време на Олимпијадата во 1964. Кога ќе бидат готови, новите стадиони ќе бидат опкружени со речиси 200 метри високи деловни згради.

    „Јас сум против планот за обнова на Џингу Гајен. Ве молиме, оставете ги тој пријатен терен за трчање полн со зеленило и прекрасниот стадион ‘Џингу‘ какви што се. Штом нешто е уништено, никогаш не може да се обнови“, рече Мураками во неговата радиоемисија.

    Тој се присети на моментот кога одлучил да стане писател: во раните попладневни часови на 1 април 1978, кога гледал натпревар на бејзбол тимот Јакулт Сволоус. На враќање дома, купил пенкало и почнал да пишува. Првиот роман „Слушни ја песната на ветрот“ го напиша околу шест месеци подоцна.

    За реализацијата на проектот ќе бидат потребни 13 години. Иако првото рочиште по тужбата за запирање на работите ќе се одржи кон крајот на неделава, веќе почнаа мали градежни активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира