МУЗЕЈОТ ВО ТИРАНА ИЗГРАДЕН ВО ЧЕСТ НА ЕНВЕР ХОЏА СТАНА КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ

    МУЗЕЈОТ ВО ТИРАНА ИЗГРАДЕН ВО ЧЕСТ НА ЕНВЕР ХОЏА СТАНА КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИСега поранешниот музеј, редизајниран од холандскиот архитект Вини Мас, се подготвува да биде домаќин на стотици млади Албанци кои сакаат да се обучуваат за компјутерска технологија и кодирање. (Фото: Ројтерс)

    Музејот изграден во Албанија во 1980-тите во чест на долгогодишниот комунистички диктатор Енвер Хоџа се трансформира во центар за компјутерска обука за млади луѓе, отстранувајќи го последниот белег од изолираното и репресивно минато на земјата.

    Во зградата некогаш беа изложени личните поседи и огромните фотографии на Хоџа, кој ја отсече Албанија од надворешниот свет под сурова сталинистичка власт 40 години.

    Сега поранешниот музеј, редизајниран од холандскиот архитект Вини Мас, се подготвува да биде домаќин на стотици млади Албанци кои сакаат да се обучуваат за компјутерска технологија и кодирање – дел од стремежот на Владата за поблиски врски со Европската унија.

    Оригиналните архитекти, меѓу кои била и ќерката на Хоџа, Пранвера, ја дизајнирале зградата во форма на пирамида која го велича водачот како фараон во египетски стил. Музејот беше завршен во 1988 година, три години по смртта на Хоџа и две години пред да падне  комунистичко владеење во Албанија.

    По падот на комунизмот крилата на зградата слични на пирамида – зачувани при реновирањето – децата ги користеа како лизгалка во отсуство на игралишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира