СО МУЗИКА НА БЕТОВЕН РЕЦИКЛИРААТ ЃУБРЕ ВО ТАЈВАН

    СО МУЗИКА НА БЕТОВЕН РЕЦИКЛИРААТ ЃУБРЕ ВО ТАЈВАНТајванците го делат нивното ѓубре веќе 30 години. Некласифицираниот отпад оди во специјални сини торби кои се наплатуваат, со цел да ги поттикнат жителите помалку да ги користат (Фото:ДПА)

    Тони Лу излегува секоја вечер во 21,30 часот со кесите за ѓубре, приклучувајќи се на неговите соседи на аголот од улицата, додека ги слушаат познатите тонови од “За Елиза” од Бетовен, кои го најавуваат доаѓањето на камионите за собирање на ѓубрето.

    Камионот за хартија и картон е со жолта боја и не мириса, додека камионот за фрлената храна е зелен, има мечка на страна, и од него се насетува миризба.

    Тајванците го делат нивното ѓубре веќе 30 години. Некласифицираниот отпад оди во специјални сини торби кои се наплатуваат, со цел да ги поттикнат жителите помалку да ги користат.

    Секој си знае кои кеси за отпадоци, кои се исто така во разни бои , во кои камиони одат, и доколку погрешат, ќе бидат исправени од возачите.

    Едноставно , фрлањето на кесите на улица во субтропските услови наскоро ќе предизвика опасност по здравјето на овој густо населен остров кој е дом на 23 милиони луѓе.

    Во другите категории спаѓаат пластика, хартија, метал, стакло, сиров кујнски отпад и отпад од храна.

    “Тајванскиот систем за рециклирање, исто така, ја зголемува одговорноста на индустријата. Секоја компанија која произведува или увезува нови производи, мора да плати во фондот за рециклирање кој се користи за поддршка на други компании кои произведуваат нови производи или суровини од отпадот”, вели професорот Хвонг-вен Ма , директор на Институтот за инженерство на животната средина на Националниот универзитет на Тајван.

    “На пример, постојат тајвански фирми кои произведуваат нови светилки и уметнички дела направени од специјалното стакло кое се користи во старите компјутерски монитори”, вели Ма.

    Тајванската компанија “Синтекс”, во меѓувреме, ги користи остатоците од кафето во синџирите на кафетеријата во земјата. Тие го извлекуваат маслото за да направат шампон. Остатоците се користат заедно со рециклирани пластични шишиња за да се направи облека.

    “Тајванските домаќинства се исклучително совесни во одвојувањето на нивниот отпад”, вели тој. Ова започнува со децата од предучилишна возраст кои учат да раздвојуваат. Постојат и парични казни ако не се одделат правилно, но социјалниот притисок е голем двигател на промени во однесувањето, така што повеќето луѓе рециклираат автоматски“, вели Ма.

    Тони Лу се согласува дека ставовите на луѓето се многу важни за функционирањето на системот.
    Иако јавните канти за отпадоци се малку и се поставени далеку меѓу улиците на тајванските градови поради хигиената, улиците се чисти.
    “Никој тука , едноставно не би фрлил ѓубре на улицата”, вели Лу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира