НА 41 ГОДИНА ПОЧИНА ДИЗАЈНЕРОТ ВИРЏИЛ АБЛО, УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР ВО „ЛУЈ ВИТОН“

    НА 41 ГОДИНА ПОЧИНА ДИЗАЈНЕРОТ ВИРЏИЛ АБЛО, УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР ВО „ЛУЈ ВИТОН“Абло повеќе од две години се лекувал од ретка, агресивна форма на рак. (Фото: Гети)

    Дизајнерот Вирџил Абло, кој до неодамна беше уметнички директор за машката колекција на „Луј Витон“ и близок пријател на Канје Вест почина на 41 година. Абло беше меѓу омилените дизајнери и соработници на модели како Наоми Кембел, Кендал Џенер, Бела Хадид.

    Веста е објавена на неговиот профил на Инстаграм, каде се појаснува дека Абло повеќе од две години се лекувал од ретка, агресивна форма на рак.

    „Тој одбра да ја води оваа битка далеку од очите на јавноста, откако му беше поставена дијагнозата во 2019. Помина низ многу тешки третмани, сето додека работеше со значајни институции од областа на модата, уметноста и културата. Вирџил беше посветен на својот занает и на мисијата да ги отвори вратите за другите и да создаде патишта за поголема еднаквост во уметноста и дизајнот. Тој често велеше: ‘Сè што правам е за 17-годишната верзија на мене’, верувајќи длабоко во моќта на уметноста да ги инспирира идните генерации“, стои во објавата на Инстаграм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира