НА БРИТНИ СПИРС ВЕЌЕ НЕ Ѝ ТРЕБА СТАРАТЕЛ ДА Ѝ ГО КОНТРОЛИРА ЖИВОТОТ, ОДЛУЧИ СУДОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

    НА БРИТНИ СПИРС ВЕЌЕ НЕ Ѝ ТРЕБА СТАРАТЕЛ ДА Ѝ ГО КОНТРОЛИРА ЖИВОТОТ, ОДЛУЧИ СУДОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕСНејзиниот татко Џејми претходно кажа дека старателството било неопходно, но се согласи дека е време таа повторно да си го контролира животот. (Фото: Инстаграм)

    Контроверзното старателство кое целосно го контролираше животот на поп ѕвездата Бритни Спирс изминатите 13 години конечно заврши со судска одлука. По сослушувањето во суд во Лос Анџелес, таа рече дека го имала „најубавиот ден во животот“

    „Мислам дека ќе заплачам“, сподели 39-годишната Бритни со нејзините 35 милиони следбеници на Инстаграм.

    Нејзиниот татко Џејми претходно кажа дека старателството било неопходно, но се согласи дека е време таа повторно да си го контролира животот.

    „Нејзиниот живот беше хаос и таа беше во физичка, емоционална, ментална и финансиска криза“, рекоа адвокатите на Џејми Спирс.

    Според правилата на старателството, татко ѝ Џејми одлучуваше за нејзините финансии и кариера, но и за лични работи, како посетите на нејзините синови и дали може да стапи во брак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира