НА ФИЛИПИНИ ПРОНАЈДЕНИ ОСТАНКИ ОД ДОСЕГА НЕПОЗНАТ ВИД ЧОВЕК

    НА ФИЛИПИНИ ПРОНАЈДЕНИ ОСТАНКИ ОД ДОСЕГА НЕПОЗНАТ ВИД ЧОВЕКОстанките на хомо лузоненсис се пронајдени во пештера на островот Лузон и нивната старост се проценува на 67.000 до 50.000 години

    Научниците додадоа нов член на семејното дрво, откако на Филипини беше пронајден досега непознат исчезнат вид човек.

    Тој е именуван хомо лузоненсис, според местото кадешто се пронајдени негови останки, Лузон, најголемиот остров во составот на Филипини. Неговите физички карактеристики претставуваат мешавина од оние пронајдени кај најдревните човекови предци и кај поновите луѓе.

    Тоа значи дека примитивните роднини на човекот ја напуштиле Африка и некако стигнале до Југоисточна Азија, што досега се мислело дека е невозможно. Ова исто така покажува дека човековата еволуција во овој регион била многу сложена, бидејќи тука имало најмалку три вида луѓе во времето кога дошле нашите предци.

    Останките од новиот вид се пронајдени во пештера во северниот дел на Лузон и нивната старост се проценува на 67.000 до 50.000 години.

    Хомо лузоненсис имал некои сличности со денешните луѓе, но и некои особини на исправени мајмунолики суштества, кои живееле во Африка пред два-четири милиони години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира