НА ШОПСКА СВАДБА НЕВЕСТАТА НА КОЊ, МЛАДОЖЕНЕЦОТ НАКИТЕН СО ПАРИ

    НА ШОПСКА СВАДБА НЕВЕСТАТА НА КОЊ, МЛАДОЖЕНЕЦОТ НАКИТЕН СО ПАРИОбичај на Шопска свадба е невестата да пристигне со коњ, а младожнецот накитен со пари од сватовите да ја побара за жена од мајка ѝ (Фото: СДК.МК)

    Невестата да пристигне со коњ, а младоженецот тазе избричен од другарите и накитен со пари ја побарува за жена од мајка ѝ, се главните обичаи на традиционалната Шопска свадба. Правило е младенците да не се постари од 35 години и ова да им е прв брак.

    Сите сватови преставувани од членовите на Културно-уметничките друштва на заедничка фотографија со младенците и учесниците кај Камените Кукли (Фото: СДК.МК)

    И четвrтата манифестација Шопска свадба се одржa на локалитетот Камени Kукли кај кратовското село Куклица, познат како Весела скаменета свадба која содржи 150 камени кукли како дар од природата.
    Организатор е Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ од Куманово. И оваа година како и лани вистински младенци немаше, туку членови на културно-уметнички друштва од Куманово и Кратово само сценски ја илустрираа Шопската свадба.

    Пред две години, на Шопска свадба во вистински брак стапија Александар Петров од Неготино и Даниела Ангеловска која потекнува токму од селото Куклица. Кум беше амбасадорот на Полска во Македонија Јацек Мултановски. Оваа година кума е пејачката Благица Павловска.

    Членови на културно-уметничко друштво од Краков Полска кои секоја година учествуваат на Шопската свадба  (Фото: СДК.МК)

    „Има повеќе обичаи како единствени што се карактеристика за шопската свадба. Таа се прави во време кога завршуваат сите жетвени и други работи на поле. Учениците ја донесуваат радосната вест, дека доаѓаат со невеста и ја даруваат со многу дарови што на други места како традиција ја нема“, вели Драган Митевски претседател на Здружението „Етно ризница“ од Куманово.

    Во рамките на манифестацијата на 29 септември вечерта во Кратово се одржа ревија на народни носии, а на 28 септември во Куманово се одржа „Балканска етно ризница“ со учество на музичари од Бугарија, Србија, Полска и Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира