НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЛИТРИ ВИСКИ „ЏИМ БИМ“ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО КЕНТАКИ

    НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЛИТРИ ВИСКИ „ЏИМ БИМ“ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО КЕНТАКИОд компанијата велат дека пожарот нема да влијае врз достапноста на вискито на пазарот (Фото: Ројтерс)

    Складиште на легендарниот производител на виски „Џим Бим“ се запали во Версај, Кентаки и пожарникарите имаа големи проблеми да го стават огнот под контрола поради разлеаниот алкохол.

    Четириесетина пожарникари се бореа со огнот, кој зафати уште едно складиште, кое, сепак, беше спасено.

    „Изгореното складиште, кое се урна во пожарот, содржеше 45.000 барели (7,15 милиони литри) од релативно младо виски. Ние сме благодарни што никој не е повреден во инцидентот. Имајќи ја предвид староста на изгубеното виски, пожарот нема да влијае врз неговата достапност на пазарот“, објавија од компанијата.

    Локалните власти изјавија дека станува збор за огромни складишта, кои се простираат на површина со големина на фудбалско игралиште. Тие додаваат дека причината за пожарот можеби е удар на гром, имајќи предвид дека имало грмотевици во таа област.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари