Најголемиот мост на светот, изграден во југозападната кинеска провинција Гуижу, ги помина петдневните тестирања, со што се создадоа услови за негово пуштање во сообраќај на крајот на следниот месец. Тестовите покажале дека мостот над кањонот Хваџијан ги исполнува светските безбедносни стандарди за цврстина, крутост и динамички карактеристики.
Тестирањето вклучило 96 камиони тешки 3.360 тони, кои биле паркирани на мостот.
Изградбата на челичниот мост почна во јануари 2022. Со висината од 625 метри и должината од 2.890 метри, ова ќе биде најголемиот мост на светот изграден на планински терен, кој ќе го скрати патувањето преку кањонот од два часа на само две минути.
Мостот ќе поминува 625 метри над нивото на реката, со што ќе биде 288 метри повисок од сегашниот рекордер, вијадуктот „Мијо“ во Франција. Ова е последниот инженерски потфат на земјата, која многу вложува во својата инфраструктура.