НАМЕСТО ПРОСЛАВА НА 55. РОДЕНДЕН, КОМПАНИЈАТА „АДИНГ“ ЌЕ ЗАСАДИ 7.500 ДРВЈА ВО ОКОЛИНАТА НА СКОПЈЕ

    Акцијата е одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето

    Компанијата „Адинг“ ќе одбележи 55 години постоење со еколошка акција во која ќе бидат засадени 7.500 дрвја во околината на Скопје. Акцијата ќе се спроведе во реонот на селото Кучково, на површина од три хектари.

    По повод 55 јубилејни години, одлучивме да вложиме во нешто корисно за сите нас, наместо да организираме гламурозен настан. Идејата за акцијата дојде како одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето и затоа овојпат ќе засадиме 7.500 дрвца од видот јасен во околината на Скопје. Ова го правиме плански и во соработка со ЈП Македонски шуми‘. Само во првите 20 години, овие дрвја ќе апсорбираат околу 1.500 тони јаглероден диоксид од атмосферата“, соопшти „Адинг“.

    Од компанијата додаваат дека инвестираат и во сопствена фотонапонска централа, инсталирана на нејзините фабрички покриви, со што успеваат целото свое работење да го покријат од сопственото производство на обновлива енергија.

    Акцијата е поттикната од нашите вредности: профитабилност и одржливост. Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации“, велат од „Адинг“.

    Идејата за пошумувањето околу Кучково доаѓа од логиката дека “инвестициите ги гледаме и како обврска кон татковината и придонес за подобра иднина“.

    „Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации. Тоа за нас претставува чесен и патриотски однос кон сопствената земја“, велат од „Адинг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира