НАСА ГО ИСТРАЖУВА ПРВОТО КРИМИНАЛНО ДЕЛО НАПРАВЕНО ВО ВСЕЛЕНАТА

    НАСА ГО ИСТРАЖУВА ПРВОТО КРИМИНАЛНО ДЕЛО НАПРАВЕНО ВО ВСЕЛЕНАТАЕн Меклејн призна дека влегла во сметката на својата поранешна партнерка од ИСС (Фото: Ројтерс)

    НАСА ги истражува тврдењата дека американска астронаутка незаконски влегла во банкарската сметка на својата поранешна партнерка од Меѓународната вселенска станица (ИСС), што би бил прв криминален случај направен во вселената.

    Ен Меклејн признала дека влегла во сметката од ИСС, но негира дека сторила нешто погрешно, објави „Њујорк тајмс“. Нејзината бивша партнерка Самер Ворден го пријавила случајот на федералните власти.

    Меклејн преку својот адвокат изјави дека само проверувала дали е сѐ во ред со семејниот буџет и дали во него има доволно пари за плаќање на сметките и за грижа на нивниот заеднички син.

    Меклејн, која помина шест месеци на ИСС и во меѓувреме се врати на Земјата, и Ворден се венчаа во 2014, но се разведоа четири години подоцна.

    Меѓународната вселенска станица е во сопственост на САД, Русија, Европа, Јапонија и Канада и тие се имаат согласено дека националните закони на овие земји важат за нивните државјани во вселената.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари