НЕ СЕ ПРОДАДЕ ВИЛАТА АУРОРА ВО РИМ ВРЕДНА 471 МИЛИОН ДОЛАРИ, СО ЕДИНСТВЕНИОТ МУРАЛ ОД КАРАВАЏО

    НЕ СЕ ПРОДАДЕ ВИЛАТА АУРОРА ВО РИМ ВРЕДНА 471 МИЛИОН ДОЛАРИ, СО ЕДИНСТВЕНИОТ МУРАЛ ОД КАРАВАЏОВо Аурора е единствениот преживеан мурал на Караваџо во светот, за кој се проценува дека има вредност од 310 милиони евра. (Фото: Алами)

    Вилата во Рим во која e единствениот мурал на Караваџо не успеа да се продаде на аукција. Вилата Аурора е во центарот на правната битка помеѓу нејзиниот сегашен станар, принцезата Рита Бонкомпањи Лудовиси, родум од Тексас, и нејзините посиноци. Вилата, која има почетна цена од 471 милиони евра, се очекуваше да стане најскапиот имот продаден досега, но не привлече понуди. Во април се очекува уште еден обид да се продаде, со намалување на цената за 20%.

    Вилата била во лоша состојба кога принцезата Рита ја видела првпат. (Фото: Ројтерс)

    Врвот на многуте богатства на шесткатната вила е муралот на уметникот од 16 и 17 век Микеланџело Мериси, попознат како Караваџо. Сликата, во која има голотија, ги прикажува боговите Јупитер, Нептун и Плутон, со светот во нејзиниот центар обележан со знаци на зодијакот. Се смета дека уметникот ги насликал боговите за да личат на него.

    Тоа е единствениот преживеан мурал на Караваџо во светот, за кој се проценува дека има вредност од 310 милиони евра. Насликана е во 1597 година, откако првиот сопственик на вилата ја нарачал за неговата алхемиска соба. Неверојатно е, но сликата била откриена дури во доцните 1960-ти, а пред тоа била прикриена.

    Муралот на Караваџо ги прикажува Јупитер, Нептун и Плутон, а сите личат на сликарот. (Фото: Алами)

    Сепак, Вила Аурора го добила име по друго уметничко дело на имотот, фреска насликана од италијанскиот барокен уметник Џовани Франческо Барбиери, познат како Герчино. Сликата ја прикажува божицата Аурора, или Зора, на нејзината кочија.

    Љубителите на уметноста бараат од италијанската влада да ја купи вилата за да може нејзините многубројни богатства да бидат достапни за јавноста. Над 38.000 луѓе потпишаа петиција со која се бара државата да интервенира. Италијанскиот закон навистина ѝ дава можност на државата да го купи имотот, но само откако ќе се одржи аукцијата и за истата цена. Но, и покрај намалената цена, владата можеби сè уште нема пари да ја купи.

    Во вилата има и фреска од Герчино. (Фото: Алами)

    Кој и да е евентуалниот купувач, ќе ја преземе и сопственоста на вртоглава низа историски предмети, меѓу кои и писма напишани од Марија Антоанета и статуа на Микеланџело во градината. Но, има финта. Описот за аукцијата јасно покажува дека купувачот ќе биде одговорен за реконструкција вредна околу 11 милиони евра.

    Правната битка околу сопственоста на вилата започна во 2018, по смртта на принцот Николо Лудовиси Бонкомпањи, кој беше глава на семејството кое со генерации ја поседуваше вилата Аурора. Спорот е меѓу неговата трета сопруга Рита Бонкомпањи Лудовиси и неговите три сина од првиот брак. Принцезата Рита вели дека тестаментот на нејзиниот покоен сопруг ѝ дава право да живее во вилата Аурора до крајот на својот живот, а ако се продаде, приходите ќе бидат поделени меѓу неа и нејзините посиноци. Но, не можеше да се постигне договор меѓу странките и судот одлучи да се одржи аукција. Принцезата вели дека би сакала вилата да ѝ биде вратена на државата.

    Принцезата Рита вели дека сака Вила Аурора да ја земе државата. (Фото: Фотошот)

    Принцезата Рита, родена во Тексас како Рита Карпентер, водеше интересен живот. Работела како актерка и новинарка во САД, пред да влезе во бизнисот со недвижници. Таа беше вклучена во продажбата на зградата на „Џенерал Моторс“ во Њујорк на Доналд Трамп во 1998. Но, откако се омажи за принцот Никола и се пресели во Италија, таа се посвети на реставрацијата на вилата Аурора која, вели таа, беше во лоша состојба кога првпат ја видела во 2003.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира