„Некој луѓе“ се најдобрите бељотџии во Битола, град во кој оваа друштвена игра има многу долга традиција. Овој тим на битолски картаџии победи на првиот хуманитарен турнир во бељот, што вчера се одржа на пешачката патека крај Драгор во Битола.
Организаторите од „Ротаракт клубот Битола“ соопштија дека на турнирот „Дали си ти најдобрио битолски бељотџија“ учествуваа 16 тимови од градот, а „Некој луѓе“ во финалето го победи „Деветка спастија“.
Турнирот имаше хуманитарна цел, па се плаќаше по 300 денари за учество, а парите ќе бидат донирани во некоја институција, најверојатно Детското одделение во Клиничката болница во Битола. Догодина турнирот пак ќе се одржи, а организаторите ветуваат дека ќе биде уште побројно.
Ж. ЗДРАВКОВСКА