„Нема правда, има Бубамара“ ќе биде мотото на 23. издание на „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 27 февруари во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари: нема правда, има Бубамара! Имаме милион и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски ѕвезди. Нашиот бројчаник врти напред, а кај некои други одзади. Дојдете со вашите чанти, раситнете ја стотката и сѐ ќе биде ОК! Во меѓувреме, слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво. Рочиштето е закажано во четврток, 27 февруари, во арената ‘Борис Трајковски‘. Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!“, се вели во соопштението од „штабот“ на „Златна бубамара“.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба наредната недела. Откако лани биле распродадени за само 45 минути, организаторот „Радио Буба мара“ очекува истото да се случи и сега.