НЕПАЛЕЦОТ КАМИ РИТА ГО ИСКАЧИ МОНТ ЕВЕРЕСТ ПО РЕКОРДЕН 30. ПАТ, ВТОРПАТ ЗА ДЕСЕТ ДЕНА

    НЕПАЛЕЦОТ КАМИ РИТА ГО ИСКАЧИ МОНТ ЕВЕРЕСТ ПО РЕКОРДЕН 30. ПАТ, ВТОРПАТ ЗА ДЕСЕТ ДЕНАКами Рита првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 (Фото: Икс)

    Познатиот шерпаски планинарски водич Ками Рита го искачи Монт Еверест по рекорден 30. пат, комплетирајќи го своето второ искачување овој месец. Ваков подвиг изведе и минатата година, кога двапати ја совлада највисоката планина на светот за помалку од една недела.

    Првото успешно искачување оваа сезона го имаше на 12 мај, кога предводеше група странски планинари.

    Рита е добро и среќен што го поставил овој рекорд“, изјави Мингма Шерпа од „Севн самитс трекс“, која организира експедиции на Монт Еверест.

    Мингма потврди дека Рита нема повторно да се качува оваа сезона.

    Рита, чиј татко бил меѓу првите шерпаски водичи, првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 и оттогаш го повторил тоа сите години освен во 2014, 2015 и 2020. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира