„НЕТФЛИКС“ ВРАБОТУВА СТЈУАРДЕСА СО ГОДИШНА ПЛАТА ДО 385.000 ДОЛАРИ

    „НЕТФЛИКС“ ВРАБОТУВА СТЈУАРДЕСА СО ГОДИШНА ПЛАТА ДО 385.000 ДОЛАРИРаботното место предвидува патувања во и надвор од САД (Фото: Нетфликс)

    „Нетфликс“ објави дека вработува стјуардеса за еден од своите приватни авиони со годишна плата од најмногу 385.000 долари. Стриминг гигантот кажа дека бара кандидати кои се одликуваат со независно расудување, дискреција, извонредни услужни вештини и со голема лична мотивација.

    Ова следува откако „Нетфликс“ лани отпушти стотици вработени поради падот на бројот на претплатници.

    Работното место, чие седиште е во Сан Хозе, Калифорнија, предвидува патувања во и надвор од САД со „авион со суперсредна големина“. Од кандидатите се бара и да можат да кренат товар до 13,6 килограми.

    „Воздухопловниот оддел на ‘Нетфликс‘ обезбедува исклучителен, безбеден и доверлив воздушен превоз“, стои во огласот на компанијата.

    Според официјалните податоци, просечната годишна плата на стјуардесите во САД е нешто над 62.000 долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира