Ник Кејв, темниот поет на рокот, го обвини движeњето за бојкот на Израел во кое се Роџер Вотерс од Пијнк Флојд и Брајан Ино дека се обидува со силеџиство да ги придобие музичарите и рече дека зазема „принципиелен став“ со тоа што ќе настапи во оваа земја.
Австралискиот уметник, познат по музиката која истовремено може да биде и меланхолична и за кревање атмосфера, e популарен во Израел и веќе е договорено да настапи на неколку веќе распродадени концерти.
На прес-конференцијата, Кејв зборуваше за притисокот врз уметниците од страна на меѓународното движење, кое се обидува да го отстрани Израел, со лобирање кај корпорации, изведувачи и академски институции, да ги прекинат врските со еврејската држава.
Тој кажа дека музичкиот продуцент Брајан Ино го прашал пред три години да се потпише на петицијата за бојкот.
„Не сакав да се потпишам на листата, имаше нешто што не ми се допаѓаше во врска со таа листа“, рече Кејв.
Рече дека му се чинело кукавички да не настапи во Израел, и по многу размислување одлучил да настапи во Израел за време на неговата турнеја оваа година.
„На крајот на денот има две причини зошто сум овде. Првата е дека го сакам Израел и ги сакам Израелците, а втората е да изразам принципиелен став против секој кој сака да ги цензурира и замолчи музичарите“, рече Кејв.
„На некој начин може да се каже дека БДС ме натера да настапам во Израел“, кажа тој.
Движењето БДС се залага за бојкот, изолирање и санкции против Израел, за што неговите поддржувачи велат дека е ненасилен начин да се промовира Палестинската кауза. Има илјадници волонтери насекаде во светот.
Израел вели дека кампањата оди подалеку од нејзината окупација на територијата на Палестина. Палестинците тврдат дека се држава и често преземаат далекусежни активности за делегитимизирање или за уништување на еврејската држава. Некои критичари на БДС го обвинуваат движењето за антисемитизам, тврдење кое движењето го отфрла.
БДС побара поддршка од Роџер Вотерс, фронтменот на Пинк Флојд, и убеди некои музичари како што се Елвис Костело и Лорин Хил да не настапат во Израел. Долга листа на уметници, меѓу кои Металика, Мадона, Елтон Џон, Ријана, Ози Озборн и други го игнорираа притисокот и настапија во Израел во последните години.