НИШКИТЕ КАРДИОХИРУРЗИ РАБОТАТ ВО САБОТА И НЕДЕЛА БЕЗ НАДОМЕСТ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЛИСТАТА НА ЧЕКАЊЕ, ПОСЛЕДНИОТ ВИКЕНД ИЗВЕЛЕ 22 ОПЕРАЦИИ

    НИШКИТЕ КАРДИОХИРУРЗИ РАБОТАТ ВО САБОТА И НЕДЕЛА БЕЗ НАДОМЕСТ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЛИСТАТА НА ЧЕКАЊЕ, ПОСЛЕДНИОТ ВИКЕНД ИЗВЕЛЕ 22 ОПЕРАЦИИТимот од нишката Клиника за кардиохирургија извршил 101 операција од почетокот на годината (Фото: Југпрес)

    Хирурзите од нишката Клиника за кардиохирургија извеле 22 операции за три дена и кажаа дека продолжуваат со зафатите и преку викенд без да бараат финансиски надомест за тоа. Тие додаваат дека работат со забрзано темпо за да се намали листата на чекање за операција, бидејќи на некои пациенти им е потребна итна интервенција.

    „И овој викенд, петти по ред, го поминавме работно, оперирајќи ги пациентите од листата на чекање. Првпат го правевме тоа во две операциони сали, па од петокот до неделата извршивме дури 22 операции. Сите оперирани пациенти се добро и без компликации“, изјави директорот на клиниката Драган Милиќ.

    Тој додаде дека од почетокот на годината направиле 101 операција, додека во истиот период лани нивниот број бил 36.

    „Листата на чекање за кардиохируршки операции се намали од 149 на 105. За васкуларните операции нема веќе чекање“, кажа Милиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира