НОВАТА РЕКЛАМА ЗА „СКОПСКО“ Е РЕЖИРАНА ОД ОНИЕ КОИ ГО ПИЈАТ, ВЕЛАТ ОД „ПИВАРА СКОПЈЕ“

    НОВАТА РЕКЛАМА ЗА „СКОПСКО“ Е РЕЖИРАНА ОД ОНИЕ КОИ ГО ПИЈАТ, ВЕЛАТ ОД „ПИВАРА СКОПЈЕ“

    Како би изгледала рекламата за ‘скопско‘ ако ја режирате вие?“, вели новата кампања на „Пивара Скопје“ по повод 100 години на брендот.

    Од компанијата велат дека интервјуирале стотици луѓе низ градовите и местата во Македонија каде што се пие „скопско“ и собраните идеи ги претвориле во реклама направена од луѓето.

    Кога требаше да ги прославиме овие 100 години и да им посакаме добредојде на наредните 100, си го поставивме прашањето: Зошто само да правиме реклама за луѓето, кога можеме да ја направиме заедно со нив? Во рекламата на Дејан не постои топло пиво, па ни на 50 степени. Кај Влатко секое маало има пиводрон достава, а во рекламата на Ина ‘скопско‘ се телепортира до најблиските дури и кога се најдалеку. Сите сцени од спотот се базирани на вашите идеи и без разлика колку невозможно или откачено да звучат, тие го прават ‘скопско‘ вашето пиво“, велат од „Пивара Скопје“.

    Оттаму додаваат дека „скопско“ во овие 100 години успеа да прерасне во бренд кој е составен дел од нашите животи и дека неговиот успех се должи на сите оние кои дозволиле „скопско“ да биде дел од нивните убави моменти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира