НОВИОТ ДАНСКИ КРАЛ ФРЕДЕРИК ИМА АВАНТУРИСТИЧКИ ДУХ, А СОПРУГАТА ЈА ЗАПОЗНАЛ ВО ПАБ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО СИДНЕЈ

    НОВИОТ ДАНСКИ КРАЛ ФРЕДЕРИК ИМА АВАНТУРИСТИЧКИ ДУХ, А СОПРУГАТА ЈА ЗАПОЗНАЛ ВО ПАБ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО СИДНЕЈФредерик и Мери се венчаа во 2003 и потоа добија четири деца (Фото: Гети)

    Данците добија големо изненадување за Нова година откако нивната долгогодишна кралица Маргрет Втора објави дека ќе се повлече од престолот на 14 јануари, на денот кога пред 52 години го наследи својот татко.

    Ќе му го препуштам тронот на мојот најстар син, принцот Фредерик“, соопшти таа.

    Фредерик во почетокот на 1990-тите беше познат како принц кој многу сака да се забавува, но тоа се промени откако тој магистрираше политички науки на Универзитетот во Архус во 1995. Тој беше првиот член на данското кралско семејство кој го довршил универзитетското образование. За време на студиите, тој едно време поминал и на Харвард во САД, и тоа под псевдонимот Фредерик Хенриксен.

    Подоцна служел во данската морнарица, а во 2000 бил дел од четиримесечна скијачка експедиција низ Гренланд. Бил хоспитализиран по несреќи со санки и скутер.

    Не сакав да се заклучам во тврдина. Сакав да бидам јас, човечко суштество“, изјави своевремено 55-годишниот Фредерик, додавајќи дека својот животен стил нема да го промени и откако ќе стане крал.

    Неговата сопруга, принцезата Мери, потекнува од Австралија од неблагородничко семејство. Таа работела како адвокат кога го запознала Фредерик во паб за време на Олимписките игри во Сиднеј во 2000. Во едно интервју кажа дека не знаела дека тој е принц кога се запознале.

    Фредерик и Мери Елизабет Доналдсон се венчаа во октомври 2003 и потоа добија четири деца, вклучувајќи близнаци.

    За разлика од традициите во Велика Британија, Фредерик нема да биде крунисан на формална церемонија, туку неговото доаѓање на престолот само ќе биде објавено од замокот Амалиенборг во Копенхаген на 14 јануари. Тој ќе биде крал на Данска, Гренланд и Фарски Острови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира